„Прв до врв“ за роденденденот на жичницата на Водно

По повод вториот роденден на Жичницата на Водно, денеска (1 јуни сабота) ќе се одржи спортско-рекреативниот настан „Прв до врв“.

Манифестацијата „Прв до врв“ ќе се состои од два дела, односно ќе има натпреварувачки и забавен карактер.
Во рамките на натпреварувачкиот дел ќе се одржат трки во качување и велосипедска трка,  во машка и во женска конкуренција.
Качувањето има натпреварувачки карактер за оние што сакаат да докажат дека нивното редовно дружење со Водно резултирало со рекордно време за качување од подножјето до врвот на Водно.

На качувањето коешто ќе почне во 9 часот пред ОУ „Кочо Рацин“ може да  учествуваат буквално сите старосни групи од 7-77 години, групирани по категории во машка и во женска конкуренција: ученици, студенти, возрасни, семејства (минимум 2 членови), ветерани, компании, институции и дипломатски претставништва (минимум 4 членови).

Во рамките на настанот ќе се одржи и Велосипедска трка на Солидарност (50 години од земјотресот во Скопје), која ќе стартува во 10 часот пред ОУ „Кочо Рацин“, за велосипедисти во брзинска и планинска категорија, а на неа може ќе учествуваат  велосипедисти од сите категории – млади, стари, ентузијасти, рекреативци, професионалци…

На крајот на трките секој натпреварувач ќе добие сертификат за учество, а најдобрите ќе бидат наградени со пехари, производи и парични награди.
Имињата на натпреварувачите кои оствариле најдобри времиња во машка и во женска конкуренција, ќе бидат запишани на трајна табла, која ќе се надополнува секоја година. Таблата ќе се постави на врвот на Водно.

Посетителите кои нема да се натпреваруваат ќе можат да пристигнат до врвот на Водно и со жичницата до Милениумски Крст каде што  ќе се оддржи Пикник и забава со музичка програма, DJ сет од Антена5 Радио и настап на познати музички ѕвезди.

Сите заинтересирани учесници може да се пријават преку апликација која е поставена на www.prvdovrv.mk или во специјално поставениот двокатен автобус на Плоштадот Македонија од 27-31 мај, во период од 10-18 часот.

Вториот дел од прославата е и журката којашто ќе се одржи на Средно Водно од 22 часот до 5 часот изутрина. На истата ќе настапи Македонската ДЈ елита: Babura, Brancez, Marga Sol, Bobi i Dela.

Агенда:

9:00 Масовен старт на качување од ОУ Кочо Рацин
10:00 Старт за велосипедистите од ОУ Кочо Рацин
12:00 Церемонија на доделување награди и прогласување победници
12:30 Пикник и забава со музичка програма, DJ сет и настап на познати музички
ѕвезди

You May Also Like