Јубилејно 50-то издание на ДАФ Кочани

Собранието на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија во Кочани ја одржа редовната седница на која беше усвоена програмата за одржувањето на педесетто издание на ДАФ.

DAF Kocani 50 izdanie

Ова е еден голем јубилеј на аматерското глумиште во Македонија и мислам дека овој пат фестивалот ќе биде на еден повисок пиедестал, дека фестивалот ќе биде подостоинствен, иако и до сега овој собир на драмските аматери имаше големо значење.

– ДАФ е првата лулка на театарската уметност кај нас. Многу сум задоволен што досега подготвките одат во најдобар ред. За јубилејот ќе се обидеме да ги собереме сите професионални актери од Кочани, веќе се дваесетина на број, и со нив ќе се обидеме да направиме една професионална претстава, изјави Емил Рубен, претседател на Собранието на ДАФ Кочани.

Програмата за педесетото јубилејно издание на ДАФ, што треба да се одржи од 26 до 31 мај во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, содржи повеке активности меѓу кои планирани се две претстави: „Кралот Иби“, кочанска претстава која прва го доби Гран прито (со истиот режисер и актери), и „Кенгурски скок“, потоа изложба која ќе биде насловена „Напред во минатото“, чија содржина ќе биде архивски материјал од сите години на одржувањето на фестивалот на драмските аматери, издавање на монографија, и проект „Живи драмски слики“, кој ќе биде посветен на учесници на ДАФ, кои дале значаен придонес во неговата афирмација, изјави Благој Пенов извршен директор на ДАФ.

You May Also Like