Филм за авантурите на храбрата полициска кола Плоди, која ги решава сите нерешливи полициски случаи…
Плоди е полициска кола, задолжена за зачувување на редот и поредокот во својот град. Сега ќе добие задача што ќе биде најважна во неговиот живот – да ја заштити новата атракција во природниот парк – мајката орел од редок вид, како и нејзиното јајце. Нештата ќе се усложнат кога две шармантни жени ќе ја украдат орлицата, и кога во едната од нив ќе се заљуби полицаецот Ричард.
Плоди е шармантна кола со која е лесно и убаво да се поминува времето. Тој е детинест, импулсивен и сето она што го прави го извршува со цело срце, трудејќи се со сите сили да ја заврши својата работа најдобро што може. Истовремено е храбар и сака да си игра, а кога ќе го најде орловското јајце под својата хауба, навистина му е дозволено да прави како што мисли дека е најдобро, бидејќи не е лесно да се грижиш за орле кое расте, мислејќи за себе дека е автомобил.
Филмот „Храбрата кола Плоди“ се заснова на приказната за омилениот јунак кој во Норвешка е неизбежен дел од детската култура речиси триесет години. Ликот на Плоди е создаден од полицаецот Аге Магнусен кон средината на 1980-те години, а ова филмско остварување е продолжение на филмот од 2010 година. Дејствието се одвива на северот од Норвешка, во регион кој е познат по поларната светлина и по неверојатните зајдисонца.
Според режисерот Расмус А. Сивертсен, прекрасните предели послужиле како инспирација: „Вложивме дополнителни напори за да го создадеме тој посебен пејзаж и осветлување кои постојат во овој регион, а сето тоа на целиот филм му даде едно егзотично и сосем поинакво ниво.“
Филмот ќе се појави во македонските кино-сали од 4 септември.