Француски дизајнери на Скопската недела на дизајнот

Во рамките на годинешното издание на Скопската недела на дизајнот која се одржува од 23 до 28 септември, како посебен дел од програмата е „Франција –земјата во фокус“. По тој повод Францускиот Институт од Скопје во соработка со Амбасадата на Република Франција успеа да донесе десет најистакнати дизајнери и студија од Париз кои ќе ја пренесат француската автентична современа дизајнерска сцена во Скопје.

PLAY_Convertible_Armchair

„Неделата на дизајн во Скопје концепциски е креирана со цел да ја запознае публиката на еден регион со дизајнот на друг регион или земја која веќе стекнала почитување на глобално ниво со постигнување на висок квалитет и дизајнерски стандарди. Па така од тука се роди и желбата да и го доближиме на македонската публика францускиот дизајн кој тежнее кон функционалност, едноставност и достапност, а одамна ги има поставено стандардите на квалитет, луксуз и ексклузивност. На наша голема радост француското искуство и традиција ќе го збогатат естетскиот сегмент на Неделата на дизајн во Скопје со 10 млади и веќе докажани дизајнерски имиња. Очекуваме нивното гостување да ја поттикне размената на искуства меѓу гостите и овдешната дизјанерска сцена и отворање на нови перспективи кога е во прашање современиот продукт-дизјан“, изјави Г-ѓа Марки Барбо, директор на Францускиот институт во Скопје и Советничка за култура на Француската Амбасада во Македонија.

Официјалното отворање на изложбата на креациите на десетте француски дизајнери се случи во вторникот во просториите на Куршумли ан.

Во рамките на претставувањето на француските дијзанери публиката имаше можност да се запознае со делата на: Gaëlle Gabillet и Stéphane Villard – Studio GGSV, JANJIQUE, Jean-Charles Amey, William Boujon & Julien Benayoun, Amandine Chhor & Aïssa Logerot, E+K — Élise Gay and Kévin Donnot, Sahar Famouri, Sylvie Amar, дизјанерот на францускиот гастрономски стил, Arnaud Lapierre и Vaulot&Dyevre.

Покрај запознавањето со македонската публика со делата на овие млади француски дизајнери предвидени се и работилници кои ќе дадат дополнителна можност посетителите да се стекнат и со практични вештини во повеќе области на дизјанот.

CRYSTAL00_sofa_modular

WONDER_ceramic_Vase

You May Also Like