Денеска (13 јули, недела) во рамките на филмскиот фестивал „See a Paris“ во 21:00 часот во Магаза ќе биде прикажан филмот “Одумирање”, (Србија), реж. Милош Пушиќ, а во исто време на платото пред стара касарна ќе биде прикажан филмот „Американски графит“ како дел од ретро авто-киното. И двата филмски настани се во рамките на Бит фест.
„Одумирање“ – Јанко доаѓа дома во своето заборавено село по неколку години на живеење во Белград, каде што работел напорно за малку пари. Неговото планинско село станало речиси пусто и намера на Јанко е да ја продаде својата земја и да оди на работа во Швајцарија, верувајќи дека конечно ќе излезе од финансиските проблеми и ќе го најде своето место под сонцето.
Неговата осамена мајка Милица (50) се надева дека Јанко ќе се врати да живее во селото и таму ќе основа семејство. Таа ќе стори сé за да го натера да се премисли.
Страхиња, осамен жител на напуштеното село е идеалист и човек полн со сила и волја кој и помага во животот на Милица. По трагичната смрт на неговиот син, тој ја затворил таверната, неговата ќерка станала алкохоличар, а неговата сопруга престанала да зборува како еден вид себеказнување.
Иако Милица ќе направи се да го убеди Јанко да остане и да се обидат да живеат на и од својата земја, иако Страхиња ќе му понуди партнерски да ја отворат таверната, Јанко нема да се откаже од замисленото. Тој е подготвен да направи се за да се оствари неговиот план, па дури и да го продаде гробот на сопствениот татко.
Во рамките на ретро авто киното, ќе се емитува филмот „Американски графити“, снимен во 1973 година, во кој многу добро е опишан начинот на живот на младите во Америка од тоа време. Ова е еден од првите филмови, снимен во 1973 година, во кој на многу добар начин е опишан начинот на живот на младите во Америка од тоа време, еден од првите филмови на Георге Лукас, филм во кој преовладуваат сите елементи на новонастанатата поп култура од тоа време. Интересот за овој настан е подеднакво голем како и интересот за изложбата на олдтајмери.