Тивериополски филмски вечери на Струмица опен фест

Филмови на Марија Џиџева и Желимир Гвардиол на Тивериополските филмски вечери …

Amphitheatre_in_Strumica

Во Амфитеатарот во Струмица во рамки на програмата на Струмица опен фест, денеска и утре ќе се одржат Тивериополски филмски вечери во чест на авторите Марија Џиџева и Желимир Гвардиол. Вечер во 21:30 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Барајќи ја среќата“ во режија на Марија Џиџева. Утре во 21 часот ќе бидат прикажани филмови на познатиот српски режисер и автор Желимир Гвардиол.

Публиката ќе има можност да види дел од интересниот краткометражен и документарен опус на Гвардиол, составен од шест негови филмови наградувани и прикажувани на светски фестивали: „Какви сме, такви сме“, „Злостор и казна“, „Не знам ни каде, ни кога, ни како…“, „Отецот, синот, светиот дух“, „Црни гаврани“ и „Сомнежи и тајни“.

You May Also Like