„ТИШИНА“ (Театарски перформанс) во режија на Теа Беговска. Покрај теататарскиот перформанс ќе се одржи и промоција на кратките дијалози „МУАБЕТИ“.
Премиерата на театарскиот перформанс ќе се одржи во New Orleans бар (стара чаршија) на 21ви март во19:30ч.Резервации на е-маил адреса: tishinabegovska@gmail. Ограничен број на посетители: 25. Цена на билетот: 200 ден.
Играат: Елизабета Стефановска, Иван Калошев ; Визуелни комуникации: Дејан Џолев Според: Кратки дијалози „МУАБЕТИ“ на Теа Беговска и Дејан Џолев ; Режија: Теа Беговска
„Добродојдовте на промоција на книга. Ова се дијалози кои се создаваа многу спонтано. Ова сме сите ние. Жени, мажи…Ова овде е се реалност, ова навистина постои. Ние не сакаме да ви прикажеме мелодраматична, романтична љубов, ниту пак сакаме да ви ја прикажеме сурвата реалност. Ние еднставно сакаме да уживате, да не мислите на ништо, и макар за момент да ви го привлечеме вниманието…се разбира, колку можеме – толку.“
Приказна за двајца луѓе кои се запознаваат во тишина и од нивните дијалози на лице место создаваат книга. Колку пати сме слушнале некој да каже: Фали комуникација! Ние комуницираме, но со молчење.
Теа Беговска (23) дипломиран театарски режисер на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во класата на професор Дејан Пројковски. Дипломираше со претставата „Слугинки“ – Жан Жене, поставена во Народен театар Штип. Беше еден од режисерите на претставата „Вртелешка“ во Драмски театар. Во моментов Беговска работи на својот втор алтернативен проект, чива премиера се очекува во месец Март. „Три сестри“ е нејзин прв алтернативен проект, во соработка со Дејан Џолев кој ја постави комплетната визуелизација на перформансот. „Три сестри“. Перформансот „Три сестри“ бил изведуван и на уметничкиот фестивал „БОШ“ во Гевгелија, театарскиот фестивал „ИМПАКТ“ во Велес, гостување во Куманово, а наскоро екипата од „Три сестри“ ќе се претстави и пред публиката во Битола и Штип. „Тишина“ е нејзин втор алтернативен проект.