Стартува „Прилепското културно лето“

Центарот за култура “Марко Цепенков” од Прилеп под мотото “цело лето културно лето” од 27 јуни до 5 септември ќе ја реализира традиционалната манифестација “Прилепско културно лето”.

CK Marko Cepenkov-Prilep (copy)

Почетокот е со седмата по ред ликовна колонија Дрен, која започнува денеска и ќе трае до шести јули. Уметници од Македонија, Русија, Србија, меѓу кои Новица Трајковски, Данчо Ордев, Панде Петровски, Натали Раклина, Евгениј Северушкин, Олга Панкина, Билјана Стоилковиќ Долиќ… ќе творат во манастирот Св. Илија во с. Дрен. Колонијата е поддржана финансиски од Министерството за култура.

Директорот на Центарот Тони Чатлески вели дека на прилепчани ќе им се понудат интересни настани.
– Некои веќе се традиционални како отворањето на изложби, манифестацијата Изворен фолклор на балканските народи. Ќе има и други – концерти, театарски претстави со кои ќе ги задоволиме сите вкусови – потенцира Чатлески.
Поголемиот дел од настаните на културното лето ЦК”Марко Цепенков” ќе ги реализира со сопствени средства.

You May Also Like