На 9 дена пред САД и 1 ден пред закажаната премиера во Македонија, вистинските Spiderman фанови ќе имаат можност да ја погледнат новата авантура на човекот пајак. Ексклузивната претпремиерна проекција во Синеплекс е закажана за 23. април во 20:00 часот.
„Сакавме овој филм да биде поразигран, многу позабавен“ – вели режисерот Марк Веб. Отсликувањето на остроумоста на Питер Паркер – особено како човек-пајак – беше можеби најзначајната работа која Веб сакаше да ја направи. „Ги гледаш стриповите и тука се неговите досетки, неговата смисла за хумор, неговите квалитети. Тоа е нешто што многумина го сакаат кај човекот-пајак, и секако нешто што јас го сакам кај него.“