СИА со отворен повик до младите уметници

Главната цел на овој повик е да им овоможи на учесниците на изложбата да направат конструктивен и креативен одговор на одредени аспекти на нашиот локален контекст во градот Скопје и во други области во Македонија.

 

SIA_logoАгенцијата за сериозни интереси (Serious Interests Agency – SIA), ги повикува младите визуелни уметници (до 35 годишна возраст) да пријават свои дела за да учествуваат на изложбата која ќе биде отворена во ноември годинава, во просторот на Агенцијата во Скопје.

СИА со отворениот повик ги повикува уметниците да креираат систем/уметничко дело коешто не е ограничено со конвенции, прописи, ниту со веќе востановени канони од нашето општество. Изложбата има за цел да изгради платформа за надоаѓачки уметници, овозможувајќи простор за иновативни предлози во полето на визуелната уметност, овозможувајќи дијалог, размена и критичка дискусија.

„Главната цел на овој повик е да им овоможи на учесниците на изложбата да направат конструктивен и креативен одговор на одредени аспекти на нашиот локален контекст во градот Скопје и во други области во Македонија“, велат од СИА.

Координаторка на изложбата е Нада Прља, а жирито е во состав: Петра Бишоф од „АртЕнгл“, Бланка де ла Торе, кураторка во „Артиум“, Музејот за современа уметност во Виторија, Шпанија, Марта Попивода, режисерка и културна работничка, како и Небојша Вилиќ, историчар на уметност и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Во зависност од квалитетот на пристигнатите предлози, жирито ќе одлучи дали изложбата ќе биде на еден уметник или ќе биде групна.
Рокот за поднесување на пријавите е до 25 октомври.

You May Also Like