Денеска (четврток, 13 февруари) во 12:00 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи Свечен собир по повод 67-годишнината од основањето на македонската писателска асоцијација.На средбата ќе бидат врачени наградите за најуспешни книжевни остварувања во 2013 година.
За местото и улогата на Друштвото на писателите во изминатиот период реч ќе има Раде Силјан, претседател на ДПМ.
Како што е познато, добитници на високите признанија се: Братислав Ташковски на наградата „Ацо Шопов“ за поезија, Венко Андоновски на наградата „Стале Попов“ за проза, Владимир Мартиновски на наградата „Димитар Митрев“ за критика, Александар Кујунџиски на наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и Делвина Крлуку на наградата „Книжевен мост“ за книга објавена на јазиците на националните заедници во Македонија.
Друштвото на писателите на Македонија е основано во 1947 година. До сега во македонскедонската писателска асоцијација членувале околу 450 писатели од сите генерации.