Конкурс за најдобар цртеж на тема „Мојот дом“

Целта на овој повик е да се поттикне детската креативност и фантазија, но, во исто време, сите заедно, да размислуваме за правото на домување на секој човек.

mojot_dom_konkurs_lice_v_lice
Платформата за активизам „Лице в лице“, во пресрет на новиот број на единственото улично списание во земјава, креираше конкурс за ликовни творби во кој ги повикува сите деца од пет до 10 годишна возраст да учествуваат и заедно со своите родители да испратат творби на тема „Мојот дом“.

Од „Лице в лице“ информираат: „Конкурсот трае од денеска, 10-ти ноември и ќе биде отворен до 24-ти овој месец, до кога ќе ги очекуваме творбите на малите креативци во дигитална (скенирана) верзија на нашиот мејл licevlice@cma.mk. Може да се испраќаат скенирани верзии на цртежи направени на хартија, или пак дигитални цртежи кои децата ги направиле на таблети, на мобилни телефони или на слични гаџети од новата технологија.

За најдобрите три дела од пристигнатите ќе одлучува тричлено жири, а за најуспешните мали автори ќе бидат обезбедени пофалници и награди, како и објава на страниците на новиот број на единственото улично списание во земјава, „Лице в лице“.
Во испраќањето на детските креации очекуваме поддршка од родителите.

Целта на овој повик е да се поттикне детската креативност и фантазија, но, во исто време, сите заедно, да размислуваме за правото на домување на секој човек.

Центарот за медиумски активности (ЦМА) од Скопје, организација која е издавач на „Лице в лице“ и спроведувач на истоимената Платформа за активизам во земјава, заедно со „Хабитат Македонија“ креираше иницијативата за промоција на домувањето како основа за човековиот развој, која ќе биде расчленета во новиот број, каде ќе бидат објавени и дел од најуспешните творби кои ќе пристигнат на овој конкурс. Целта на оваа иницијатива е да се истакне проблемот на сиромашното домување и последиците од него во јавноста, но и да се промовираат опции за надминување на овој проблем и  придобивките за поединецот, семејството и заедницата – велат од „Лице в лице“.

You May Also Like