Промоција на нова песна и спот на „Зад аголот“

„Јас и ти“ е новата песна на Зад Аголот која заедно со спотот ќе биде промовирана денеска (недела, 10 март, 2013)  во “Stage Caffe” (City Mall, Скопје), со почеток во 18:00 часот.

Ова музичко остварување, како и видеото служат за да се подигне свеста на луѓето за тоа дека се гушиме во сопствениот смог и наместо да го бараме излезот заедно, ние се ограничуваме и делиме на различна основа.

Ова е прв проект од ваков карактер за момците од Зад Аголот. Инспирирани од “Еко Песна” на Дуо Трио со примеси на блуз благодарение на Игор Станоевски (Игимен) и Нина Јанева може да се каже дека ова на некој начин е преработена песна која носи многу голема порака.

Видеото е дело на веќе докажаниот Бранко Блажевски (Покрај Бренсис Видео Обработка). Инструменталниот дел го одработи Скопскиот блузер Игор Станоевски (Игимен) продуциран од страна на Марко Ѓурѓиќ.

You May Also Like