Промоција на монографија за Снежана Османли

Монографијата е создадена по иницијативата и со поддршка на Трифун Костовски, претседател на невладината организација и група за критичко мислење и анализа „Совет за глобална соработка“ од Скопје, чијшто идеен покренувач и активен потпретседател беше токму Снежана Османли.

Snezana Osmanli so amb. Philip Reeker

Денеска (3 ноември, понеделник) во Салонот 19, 19 ќе биде промовирана монографијата „Снежана Османли – жената која можеше да гледа и зад ридот“ од Атанас Кировски. Издавач е „Култура“, а промотори ќе бидат акад.Таки Фити и Трифун Костовски.

Книгата вклучува исказни на 25 истакнати личности(*) од дипломатскиот, политичкиот, научниот, деловниот и општествениот живот посветена на личноста и дејноста на М-р Снежана Османли (1954-2013), угледен и агилен политички работник – во преломните мигови на македонскиот општествен и политички процес, од преминот на социјалистичкото во плуралистичкото општество, до македонската независност и стекнувањето меѓународен легитимитет. Снежана Османли беше понекогаш единствен сведок, а редовно активен и позитивен учесник во процесите на првичаната демократизација, плурализација и државно осамостојување на Републиа Македонија.

Богатите содржини, сеќавања и погледи изложени во монографијата ќе ги заинтересираат не само љубителите на меморарските текстови, туку и аналитичарите и експертите кои се занимаваат со спомнатиот дел од современата македонска политичка историја.

You May Also Like