Промоцијата на локалната младинска стратегија на Куманово ќе се одржи денеска ( 27 февруари 2014 година, четврток) со почеток во 13:00 часот, во просториите на уметничката галерија Куманово.
Локалниот Младински Совет заедно со Општина Куманово во последните месеци интензивно работеше на изработка на локалната младинска стратегија. Овој настан е со цел да се промовира Младинската Стратегија на Куманово (2014-2019), организирана од Локалниот младински совет на Куманово и Општина Куманово, со поддршка од Канцеларијата на УНДП, и мисијата на ОБСЕ во Скопје. На настанот ке имате можност да ја разгледате стратегијата, и да продискутираме заедно за неа.
Со поздравен говор ке се обратат високи претставници на канцеларијата на УНДП и мисијата на ОБСЕ во Скопје, Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Градоначалникот на Општината Куманово и претставник од Локалниот Младински Совет.