“Сто години копнеж” е збирка раскази од Мишо Јузмески, што ќе биде промовирана денеска (четврток, 27 февруари) од 19:00 часот во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Промотор на книгата е Драги Башески.
-Читајќи ја книгата имате чувство како да сте опкружени со луѓе кои имаат различен карактер и особини својствени за минатото време, а сепак втемелени и во современиот свет. Оригиналнсота на нивните имиња е уште еден доказ за креативниот дух на авторот. Карактеристично за сите раскази е тоа што авторот го воведува читателот во дејствието преку автентичен приказ и широк опис на местоположбата, на приликите, личностите. Авторот користи стил на одличен раскажувач, а интерсното фабулирање го доведува читателот во состојба на надеж, исчекување и интересн расплет. Темите во расказите кои имаат порака се од секојдневната реалност – вели м – р Лидија Размоска за збирката раскази.
Мишо Јузмески е македонски пистаел и публицист, долгогодишен соработник на “Народна волја” двојазичен македонско – бугарски весник издаван од Македонците во Бугарија, како и на други печатени и електронски медиуми. Досега ги има објавено романот “Премин во маглата”, есејот “Нека биде светлина” и монографиите” “Елшани – живот меѓу каменот и водата” и “Нашиот холандски пријател А. Долард’.Активно се занимава со фотографија и досега имал неколку групни и самостојни изложби.
