Проекција на „Балкон со поглед на море“ во Кинотека

Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија в четврток во 20 часот во кино-салата на Кинотека ќе го прикажат филмот „Балкон со поглед на море“ (2010 год.), на режисерката Никол Гарсија. Прикажувањето е во рамките на Францускиот кино-клуб.

balkon_so_pogled_kinoteka

Се работи за драма која критиката уште ја нарекува „трилер на чувства“ или „класична драма на начинот на Хичкок“, во која главните улоги ги толкуваат со оскаровецот Жан Дижарден, Мари-Жозе Кроз и Сандрин Киберлен.

You May Also Like