Премиера на операта „Боеми“ на „Скопско лето“

Премиера на операта „Боеми“ вечерва во Македонската опера и балет во рамките на „Скопско лето“ …

MOB vlez 1

На фестивалот „Скопско лето“ вечер од 20 часот во Македонската опера и балет премиерно ќе биде изведена операта „Боеми“ од Џакомо Пучини во италијанска продукција. Режисер и сценограф на претставата е Италијанецот Лев Пулиезе, а диригент неговиот сонародник Џузепе Сабатини.

Улогите ги играат: Салваторе Кордела, Алеио Потестио, Итало Проферише, Мауро Корна, Анџела Низи, Пиетро Навиња, Џесика Роуз Камбио, Јане Дунимаглоски и Димитар Кожухаров.

На „Скопско лето“ утревечер во Куршумли ан ќе биде изведена претставата „Чија си“ од Сашко Насев во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, во продукција на Драмски театар-Скопје.

You May Also Like