Премиера на „Аферата Елсинор“ на Љубиша Георгиевски во МНТ

Македонскиот народен театар на 12 февруари премиерно ќе ја изведе претставата „Аферата Елсинор“ по текст и режија на Љубиша Георгиевски.

star teatar mnt

Со новиот проект ќе бидат одбележани две годишнини на авторот (н.з. Љубиша Георгиевски) – 77 години живот и 55 години творештво на театарската сцена.

Во актерската екипа се: Владо Јовановски, Ирена Ристиќ, Јордан Симонов, Искра Ветерова, Ѓорѓи Јолевски, Борче Начев, Магдалена Ризова-Черних, Гораст Цветковски, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиоски, Емил Рубен, Никола Ацески, Александар Микиќ, Трајче Георгиев, Дарја Ризова и Арна Шијак.

Сценограф на претставата е Мери Георгиевска, костимограф Никола Ефтимов, а музичкиот избор е на режисерот, Љубиша Георгиевски.

You May Also Like