Градскиот музеј од Крива Паланка предложи проект за унапредување на рекламирањето на настаните од културата во градското подрачје преку изработка и монтажа на информативни табли.
Тие ќе бидат изработени од железна рам-конструкција, лим и стреа за заштита од атмосферските влијанија, со тимпанон од лим на кој ќе пишува „Култура-инфо“ и ќе го има логото со грбот на општина Крива Паланка.
Идејата произлегла од анализата според која е ниско нивото на информираност на населението. Таблите ќе бидат поставени во установите, центарот на градот и во најблиските населби.
Во првата фаза се планира ќе бидат опфатени градските културни, образовни, здравствени и домски установи и централното градско подрачје, а во втората фаза инфотаблите ќе бидат поставувани во блиските градски и приградски населби.