Прв Аматерски младински театарски фестивал во Охрид

Со претставата „Суд за морални вредности“ во изведба на театарската група на Општинската организација на Црвениот крст – Охрид, вечерва во Охрид стартува првиот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“.

Ohrid panorama

Во текот на петте дена низ шест театарски претстави стотина талентирани млади актери-аматери од Охрид, Кичево, Ужице и Крагуевац ќе ги покажат своите афинитети и знаења во глумата како облик на уметничко изразување.

Организаторот на манифестацијата, Цревениот крст од Охрид, на овој начин сака да ги поттикне средношколците во градот Охрид за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави.

– Фестивалот е можност за промоција на работата на драмските секции од училиштата, но и поттик за професорите во осмислување и креирање на драмски текст. Самиот фестивал ќе биде еден чекор напред во подигнување на театарската култура, не само кај младите, туку и кај останатите граѓани, а воедно и збогатување на културната понуда во градот, велат организаторите.

Свеченото отворање на фестивалот е вечерва во предворјето на црквата „Св.Софија“ со почеток во 20 часот.

You May Also Like