Третиот по ред настан Стипендии ЕКСПО 2012 ќе се одржи утре и задутре ( 16 и 17 ноември 2012 ), во НУБ Климент Охридски, Скопје.
Манифестацијата Стпендии ЕКСПО во организација на “Образовно-информативениот центар” од Скопје, е единствен настан од ваков вид, кој е од национално значење за Македонија. Манифестацијата нуди единствена можност на едно место да се презентираат голем број на опции за стипендирање и други форми на финансиска помош за студирање на голем број странски и домашни универзитети.
Стипендиите имаат голема улога во надминување на финансиските пречки кон повисокото образование и директно влијаат врз зголемување на бројот на високо образовани граѓани, што е клуч за континуиран економски раст на Македонија и созадавње на образовано општество.
Манифестацијата Стипендии ЕКСПО 2012 го промовира токму ова значење на стипендиите во добивањето на пристап на идните студенти до повисоко образование на сите нивоа, помага во процесот на изнаоѓање на финансиска помош за студирање во странство, научен престој или академска работа. Оваа манифестација, истотака, ја промовира и важноста на стипендиите во процесот на совпаѓање на наученото со потребите на пазарот на труд.
Оваа манифестација на едно место ги собира универзитетите, министерствата, амбасадите и културните центри во Македонија, како и претставници на бројни компании, фондации и невладини организации.
Манифестацијата ќе се одржи на 16 и 17 ноември, 2012 година, во НУБ Свети Климент Охридски ќе ја отвори НЕ Амбасадорот на Велика Британија Кристофер Ивон.