Град Скопје доделува 1 500 садници

Градот Скопје ја продолжува традиционалната есенска акција за доделување садници на сите заинтересирани куќни совети, урбани месни заедници и образовни институции. Во оваа акција ќе се доделат 1 500 листопадни садници.

Заинтересираните куќни совети, месни урбани заедници и образовни институции треба да поднесат барање за доделување садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје, булевар Илинден бр. 82. Субјектите во барањето треба да го наведат видот на садниците што бараат да им се доделат, бројот и точната локација на којашто планираат да ги засадат дрвцата. На барањето треба да стои печат од куќниот совет, месната урбана заедница или од образовната институција.

На куќните совети, месните урбани заедници и образовните институции на коишто ќе им бидат одобрени барањата, во оваа акција ќе им се доделат најмногу 10 (десет) садници.

Барањата за добивање садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје може да се доставуваат од 15 до 22 ноември 2012 година, а садниците ќе може да ги подигнат од 23 ноември од ЈП „Паркови и зеленило“ во Градски парк или од расадникот во населба Бутел.

Акцијата на Град Скопје за доделување садници се организира веќе пет години во две етапи, односно напролет и наесен.

You May Also Like