Познати добитниците на наградата „11 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда ,,11 Октомври“ во 2014 година.

 

11-oktomvri (copy)

Наградата „11 Октомври“ се доделува како највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија

1. За животно дело во областа на науката и образованието наградата им се доделува на:
– проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог и
– проф. д-р Зоран Тодоровски, историчар

2. За животно дело во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на:
– Рамадан Шукри, музичар, педагог и диригент;
– Вања Лазарова-Димитрова, народен уметник и
– акад. Катица Ќулавкова, писателка.

Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во ,,Службен весник на РМ“.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври 2014 година (сабота) во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

You May Also Like