Отворањето на Институтот Конфучие е во завршна фаза

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје информира дека отворањето на Конфучие Институтот е во завршна фаза. Имено, вчера (28 март, 2013) на УКИМ во четиридневна посета пристигна висока тричлена делегација од Универзитетот во Ченгду, Кина.

 

Делегацијата во текот на вчерашниот и денешниот ден беше примена од ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Велимир Стојковски и беа одржани неколку работни состаноци.

Денес, во присуство на претставник на Амбасадата на Република Кина во Република Македонија беше потпишан Меморандум за третата фаза за отворање на Институтот помеѓу Универзитетот во Ченгду и УКИМ. Со овој Меморандум се утврдени сите завршни активности за отворањето на Конфучие Институтот во Република Македонија.

Инаку отворањето на Конфучие Институтот се предвидува да се одржи во текот на септември оваа година.

You May Also Like