Со државната награда “23 Октомври” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети,, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.
Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Државната награда под условите определени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.
На награден поединец му се доделува: диплома и паричен износ. На секој член на наградена група творци или екипа им се доделува диплома и подеднаков дел од паричниот износ.
На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета. Паричниот износ на државната награда “23 Октомври” изнесува десет (10) просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година. Државната награда “23 Октомври” по правило, се доделува, секоја година.
Во една година може да се доделат најмногу до пет (5) награди. Иницијатива за доделување на државната награда “23 Октомври” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.
Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (адреса-улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други податоци што се смета дека ќе придонесат во оценувањето. Подносителот на иницијативата мора да го наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон.
Текстот на иницијативата (комплетиран) да се достави во 20 примероци, а трудовите (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават во еден (1) примерок.
Иницијативите треба да се достават на следната адреса: Министерство за култура на Република Македонија – Одбор за доделување на државната награда “23 Октомври”, ул.”Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 – Скопје, Република Македонија.
Конкурсот трае од 1 до 30 април 2013 година.
Некомплетните иницијативи и иницијативите и предлозите (трудови, книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием по конкурсот нема да бидат разгледувани.