Одбележување на Денот на Обединетите нации

По повод одбележувањето на светскиот ден на Обединетите нации, 24-ти октомври, ќе биде одржан настан под наслов „Иднината што ја сакаме во 2030 година”.

 

un-logo

Настанот ќе се одржи денеска (петок, 24 октомври) во Хотел „Епинал“ во Битола во 11:00 часот.

Претставници од агенциите на Обединетите нации, министерствата, академијата, граѓанското општество и студенти заедно ќе разговараат за иднината што ја сакаат и за Македонија и за светот.

Во официјалниот дел на настанот ќе се обратат
Г-ѓа Луиза Винтон, Постојаниот координатор на Обединетите нации
Г-дин Фатмир Бесими, Вицепремиер за европски прашања на Република Македонија
Г-дин Диме Спасов, Министер за труд и социјална политика на Република Македонија
Г-дин Абдилаким Адеми, Министер за образование и наука
Про-ректорката на Универзитетот во Битола, проф. Др. Јована Тутеска
Г-дин Владимир Талевски, Градоначалник на Битола
За време на настанот ќе биде промовирана и временската капсула, изработена од студентите од архитектонскиот факултет, во која сите учесници ќе имаат можност  да остават ‘разгледници од иднината’ со својата визија за свет во кој сакаат да живеат во 2030 година. Временската капсула ќе биде запечатена, и отворена на 24 октомври 2030 година.

You May Also Like