Вчера (четврток, 31 јануари 2013), во просториите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа седница на Интеруниверзитетската конференција на Република Македонија.
Со седницата претседаваше нејзиниот претседател ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски, а на неа присуствуваше и министерот за образование и наука на Владата на РМ м-р Панче Кралев.
На седницата се разгледуваше Предлог-законот за иновациска дејност. Членовите на Интеруниверзитетската конференција дадоа едногласна поддршка на овој закон, со кој се уредува иновациската дејност, принципите, целите и организацијата на примената на резултатите од иновациската дејност, научно-истражувачката дејност, техничките и технолошките знаења, пронајдоците и иновациите како исклучително како исклучително важни развојни компоненти на државата.