Денеска (11 април 2013, четврток) во 11:00 часот, Агенцијата за млади и спорт ќе донира спортска опрема во ЈУ Завод за деца и млади „Топанско Поле“, Скопје.
Опремата за младите се состои од фудбалски, кошаркарски, одбојкарски и ракометарски топки, пинг понг маса и пинг понг опрема, шахови, домино, друштвени игри, дигитален апарат, камера и ЛЦД проектор.
Агенцијата за млади и спорт преку донација на опрема во континуитет го помага развојот и градењето на спортскиот дух , особено меѓу најранливите групи во општеството, со која младите ќе можат да ги развиваат и унапредат своите аспирации кон одреден спорт или рекреативни активности.
Досега, Агенцијата за млади и спорт донираше спортска и друг вид на опрема во Домот за деца без родители „11 Октомври“- Скопје, Посебно основно училиште „ Златен Сремац“- Скопје, Завод за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми „ 25 Мај“- Скопје, како и за децата од основните училишта „ Страшо Пинџур“- с. Крупиште, општина Карбинци и „ Славчо Стоименски“- с. Градец, општина Виница.