Денеска (четврток, 11 април 2013) во 19:00 часот, Културно-информативниот центар на Македонија во Софија (Бугарија) организира етно-џез концерт на кој настапуваат : Илчо Јованов – хармоника, Тони Китановски – гитара, Дине Донев – бас, Александар Секуловски – тапани.
Концертот ќе биде одржан во Лилавиот салон на Чешкиот центар во Софија, кој е партнер на Културно-информативниот центар на Р. Македонија, во организацијата на овој настан. На оваа позната сцена во Софија, имаат настапувано бројни значајни европски имиња од полето на џез музиката.
Концертот ќе го отворат директорите на македонскиот Културно-информативен Центар во Софија, Васко Шутаров и директорката на Чешкиот центар, Катерина Хуртаева. За настапот на македонскиот состав, владее голем интерес кај публиката во главниот град на Бугарија.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Македонија.