Од утре (четврток, 28 август) во 20:00 часот, премиерно на репертоарот на кино Милениум се „Нинџа желките“.
„Нинџа желките“ се новото видување на приказната за 4 мутирани желки од Њу Јоршката канализација, кои се во акција да го спасат градот од злото кое навлегува во сите пори на корумпираното општество.
Филмот е продуциран од Michael Bay, режиран од Jonathan Liebesman, а во него играат Megan Fox, Will Arnett, William Fichtner, Johnny Knoxville, Whoopi Goldberg…