Проектниот простор ПРЕС ТУ ЕГЗИТ организира неформална средба и дускусија насловена „Средства за уметничка демократија, фондови и други алатки“ денес (27 мај, 2013 година, од 18 до 20 часот) во Местре, Венеција во соработка со институцијата Форте Маргера (Forte Marghera).
Од организацијата, во Местре ќе бидат присутни Јане Чаловски, Христина Иваноска и Ивана Васева а покрај нив дел од дискусијата и средбата ќе бидат: Andrea Bonifacio, менаџер на Forte Marghera, Gianluca D’inca Levis, куратор, Белуни, Daniele Goldoni, филозоф, Венеција, Vincent Huang, уметник од Тувалу павиљонот, Uve Muellrich, уметник, Берлин, Francesco Palumbo, од Апуља регионот, Stefanie Seidl, галерист, Берлин и други.
Проектниот простор ПРЕС ТУ ЕГЗИТ е основан во септември 2004 година од страна на уметниците Јане Чаловски и Христина Ивановска, како уметничка иницијатива во одредена програма за истражувања и продукција на полето на визуелните уметности и кураторски практики. Програмата е насочена кон изнаоѓање нови начини за генерирање и продукција на проекти и соработки со уметници и куратори од Македонија и странство преку своите програми: Иницијатива за кураторски гостувања, Нови проектни продукции, и Предавања, презентации и изложби како и Издавачка програма.
Проектниот простор ПРЕС ТУ ЕГЗИТ е посветен на превземање критичко испитување и оценување на прашања кои се покренати од современи уметници, куратори, архитекти и теоретичари во релација со современата социо-политичка рамка каде се јавуваат нивните проекти. Проектниот простор ПРЕС ТУ ЕГЗИТ е дел од многу интернационални мрежи и форуми кои се клучни во помагањето на развојот на практиката интернационално и со позначителна општествена последица.