Македонскиот “Твитер календар 2014” на изложба во Софија

Во галеријата „Антракт“ во Софија вечер ќе биде отворена изложба на фотографии од Ивана Батев за Твитер – календарот 2014.

tviter kalendar ivana batev

Самиот календар е продолжение на идејата за општествено ангажиран календар што во 2013 година првпат беше изработен за подигање на јавната свест за ракот на дојка.

Заедницата на луѓе активни на твитер, повторно испратија порака за здравјето, овојпат за сексуалното здравје, преку фотографии од актови. Пораките ги состави тимот на организацијата ХЕРА, чиј фокус на работа е сексуалното и репродуктивното здравје и права.

Оваа година фотографиите беа контекстуализирани во стилот на фото-блогот „Идеи за домот“ кој прикажува детали од ентериер и дизајн.

Авторката на изложбата Ивана Батев е фоторепортер во Македонската информативна агенција – МИА.

You May Also Like