Концерт на „Љубојна“ во Струга

На летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, концерт ќе одржи македонскиот реномиран состав „Љубојна“ …

ljubojna koncert

„Љубојна“ негува македонска традиционална музика, длабоко во себе европска, со манири и влијанија од Исток. Пее за некогаш и денес, за неповторливо оригиналниот, вистински и отсекогаш модерен бит.

На летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, на 06.08.2014 (среда), со почеток во 21:00 часот концерт ќе одржи македонскиот реномиран состав ЉУБОЈНА. Влезот е слободен.

Љубојна се раѓа од два збора, љубов и бој. Музиката се врзува за македонскиот бит и се темели на македонската традиционална музика. Идејата на групата е да ја изговори музиката како единствен универзален јазик. Зад музичарите се крие богато музичко искуство и вештина предадена од мајстори на оваа музика. Музиката пак, длабоко во себе европска, а со манири и влијанија од Исток, создава една мешавина со слатко-солени вкусови и елеганција разбиена од чувства што нишаат и носат во радосна тага. Заживеана и поделена на двете страни од Виа Егнација, меѓу Исток и Запад, Љубојна пее за некогаш и денес, за неповторливо оригиналниот, вистински и отсекогаш модерен бит.

You May Also Like