„Сè за љубов“ (Аll for love) е насловот на концертот што в четврток (14 февруари, 2013) ќе го одржи Македонската филхармонија, а се совпаѓа со празникот на вљубените – Свети Валентин и празникот на виното – Свети Трифун.
Најубавите љубовни песни од Френк Синатра, Дин Мартин, од „Битлси“, „Квин“, како и џез и блуз композиции, во оркестарска верзија се на репертоарот на претстојниот концерт кој ќе се одржи во редовниот четврточен термин, но овој пат во Македонската опера и балет. Ќе диригира Саша Николовски – Ѓумар.
На сцената, заедно со оркестарот, ќе настапи џез-вокалистот Ахмед Харфуш од Египет, кој ќе изведе дел од романтичните композиции кои ја одбележаа музичката историја.