Концерт на гитаристот Дарко Багески во Софија

Во салата на Националното музичко училиште „Љубомир Пипков“ во Софија синоќа концерт одржа македонскиот исполнител на класична гитара Дарко Багески.

Darko Bageski

На програмата беа исполнети дела од Мерц, Џулијани, Бариос, Диенс, а најголемо внимание кај публиката предизвика исполнувањето на „Македонската рапсодија“ од Јован Јовичиќ.

Музичката критика во Бугарија, Багески го најавува како нова голема ѕвезда на балканското музичко небо, а освен во Софија, следната седмица ќе настапи во Варна, Шумен, Казанлак и Пловдив.

Дарко Богески е гитарист со активна соло-кариера повеќе од 20 години. Работи како универзитетски професор. Дипломирал на Универзитетот по музика во Вајмар, во класата на професор Јирген Рост. Магистерски студии завршил на Државниот конзерваториум во Солун, во класата на професор Герхард Рајхнебах. Учествувал како солист во многу камерни оркестри и во оркестарот на Македонската Филхармонија.

You May Also Like