Канческа-Милевска пред почетокот на свеченото отворање на 54-тото издание на фестивалот им подари теракотни икони на ѕвездите на „Охридско лето“ …
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, синоќа пред почетокот на свеченото отворање на 54-тото издание на фестивалот „Охридско лето“, синоќа оствари средба со екслузивните гости, италијанските солисти Барбара Фритоли и Лео Нучи и аргентинскиот диригент Луис Горелик.
На средбата, како што соопшти Дирекцијата на Охридско лето, Канческа-Милевска им подари реплики од надалеку познатите теракотни икони со приказ на богатото македонско културно наследство, како и примерок од ексклузивната фото-монографија „Чудесна Македонија“ во која низ фотографии и текст се претставени убавините нашата земја.
Италијанските оперски ѕвезди, сопранистката Фритоли и нејзиниот колега баритонот Нучи, заедно со диригентот од Аргентина, маестро Горелик синоќа настапија на отворањето на фестивалот „Охридско лето“.