Изложба „78 спомени од албумот на еден пријател на Скопје“

Во Музејот на град Скопје, денеска (14 мај 2013 година, вторник), во 20 часот, ќе биде отворена изложба нa фотографии „78 спомени од албумот на еден пријател на Скопје“.

Изложбата е донација од Италија по повод одбележување на 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје што се случи на 26 јули 1963-та година.

Донатор на фотографиите е г. Лучано Алиеви, од Милано, Италија, сопственик на фирмата BIOE SRL од секторот на животната средина, застапен во Македонија преку Џетро Енвиронментал ДОО, ново друштво, составено од Македонци и Италијанци. Донаторот во февруари 2013 година, на Музејот на град Скопје му подари 78 фотографија. Фотографиите се извадени од албум кој во годините по земјотресот од 1963, го издаде НИП „Нова Македонија“. Г. Алиеви албумот го купил во една книжарница во Белград. Длабоко во него допрела трагедијата што му се случила на Скопје во земјотресот од 1963. За него ваквите трагедии не биле нешто непознато бидејќи истата година и италијанскиот народ се соочил со катастрофален земјотрес кој се случил во регионот Абруцо.

Годинава, по повод 50-годишнината од земјотресот, негова желба беше да ги подари овие фотографии на градот на кој му припаѓаат. За Музејот на град Скопје, донацијата е значајна бидејќи го збогатува фондот на фотографии од катастрофалниот земјотрес кој се случил во јули ’63. Но чинот на донирање е уште позначајна бидејќи е израз на пријателство помеѓу македонскиот и италијанскиот народ, кои по случајот на несреќите делат исти судбини.

Изложбата ќе трае од 14 – 29 мај 2013. Изложбата,влегува и во рамките на одбележувањето на 18 мај – Меѓународниот ден на музеите. Изложбата ќе биде збогатена со едукативни содржини, на тема „Катастрофален земјотрес“, кои ќе се одвиваат во изложбениот простор во периодот на траењето на истата.

You May Also Like