Изложба на Лилјана Митевска во Куманово

На 16 октомври 2014 (четврток) во Куманово ќе биде отворена изложбата “Огледало на душата” на Лилјана Митевска.

izlozba_liljana_mitevska

 

Отворањето на изложбата „Огледало на душата “ е со почеток во 19:30 часот во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово.

ЛИЛЈАНА МИТЕВСКА е родена во Битола а живее и работи во Скопје. Своите афинитети кон сликањето ги пројавува уште од најраната младост, а посериозно се занимава со сликартсво паралелно со својот професионален ангажман на полето на правото од 1974 година.
Во својот сликарски опус негува повеќе форми на изразување во акварелна, темперна и акрилна техника од мал до голем формат на хартија и платно.
Лилјана Митевска е учесник на повеќе групни изложби а има остварено 10 самостоји изложби

You May Also Like