Изложба на Зоран Велјаноски Летра на Охридско лето

Вечер (13 јули, недела) во 20:00 часот во Дирекцијата на фестивалот Охридско лето ќе биде отворена изложба на фотографии „Носталгија во црно-бели рамки“ на Зоран Велјаноски Летра.

zoran_veljanovski_letra_ohridsko_leto_pokana

Во овој циклус фотографии од веќе препознатливиот фото-запис на Зоран Летра се исцедува носталгијата како сон отсонуван во црнобели рамки кој постојаносе преобразува, се интенвизира и дејствува со лирскиот тон на виденото, почувствуваното, запаметеното. Токму таа интензивна лирика е она што возбудува во овој исклучителен црно бел мозаик кој отсликува една тивка меланхолија на нашите спомени, оценува академскиот сликар Славко Упевче.

-Во фотографиите на Зоран Велјаноски Летра се чуствува одлика на голем истражувач. Но нема истражување без замисла. Живееме во време на интернет каде каде проблемите се решаваат со притискање на копче. Но нема нови откритија на археолозите без ископувања, не знам како уметниците би твореле ако немаат идеи или фотографите би работеле само со притискање на копцето на фотоапаратите. Мора да се истражува а Зоран ја има таа прекрасна особина, вели поетот Славе Ѓорѓо Димоски.
Зоран Вељаноски – Летра е роден на 31 јули 1965 година во Охрид, Македонија. Со фотографија се занимава од најрана возраст. Високо образование завршил на Филмската Академија ЕСРА – Париз – Скопје – Њујорк, на Факултетот за сценски дизајн, катедра Фотографија. Магистерските студии ги продолжува на Институтот за Фотографија во Њујорк. Досега има 16 самостојни изложби во земјава и светот а учествувал и на повеќе групни изложби. Член е на претседателството на Фото сојуз на Македонија.

You May Also Like