Поетскиот караван „Почувствувај ја Македонија“ денеска во Охрид

Друштвото на писатели на Македонија како дел од иницијативниот одбор на проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“ ја организира втората средба од поетскиот караван низ Македонија, кој ќе се одржи на 13ти Јули (недела) во дворот на црквата „Св. Георгиј“ во стариот дел на Охрид или попознато како Охридско влашко маало.

Со својата поезија ќе настапат:

– Видое Видически,
– Ленче Милошевска,
– Горан Анчевски,
– Љерка Тот Наумова,
– Мирче Нешовски и
– Мирјана Тренчева

Ќе биде отворена изложбата на Милко Несторовски и Викторија Попоска,
а во музичкиот дел ќе настапи дуото Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара

– Потоа ќе учествуваат и хуманистот со позитивна енергија Живко Поповски – Цветин, а Мите Грозданов, кој ќе ја изведе својата монодрама „Одбраната на Св. Кирил пред папата во Рим“

Целиот настан ќе биде модериран од Сузана Апостолова и проследен од објективот на фотографката Каролина Пандовска.

You May Also Like