Изложба на Дејан Иванов Маргуш во Галерија 8

Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во Галерија 8 – Безистен во четврток (20 март 2014) во 21:00 часот ќе се отвори изложбата на академскиот сликар Дејан Иванов Маргуш.

POKANA_margush_galerija8

Ова е негово седмо по ред самостојно претставување. Станува збор за 10 дела од неговиот најнов циклус „Морски гребени“, кој го работи во последнава година. Делата се комбинација од повеќе медиуми кои се предмет на истражување на авторот, каде што експериментира со природните и синтетичките материјали.
На отворањето на изложбата ќе говори Климе Коробар.
Поставката на делата ќе биде изложена до 06.04.2014 година.

You May Also Like