Аплаузи за „Дуото Кировски“ во Софија

Концертот на „Дуо Кировски“ во Софија го организираше Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија со поддршка на македонското Министерство за култура.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Пред полн салон на Музичкиот центар “Борис Христов” во Софија,синоќа концерт одржа нашето познато музичко „Дуо Кировски“ – Маја Шутевска-Кировска на пијано и Љубиша Кировски на виолина и виола.

Пред публиката во Софија тие се претставија со пет пиеси за пијано и виола од балетот „Ромео и Јулија” од Прокофјев, „Сонатата за виолина и пијано” од Корилјано и две дела специјално напишани за нив -Dancing with my shadow од Илиевска-Бете (по повод 20 годишнината од постоењето на Дуото) и „Вечера немаме” од Бужаровски. На концертот освен претставници од дипломатскиот кор и Министерството за култура на Р. Бугарија, присуствуваа и професори и студенти од Музичката Академија “Панчо Владигеров” во Софија.
Дуо Кировски успеа со својата исклучителна музичка интерпретација да измами долги аплаузи, бис и честитки од публиката.

You May Also Like