Изложба „Дискурсот на орнаментот“ во КИЦ Софија

Денеска (15 мај 2014, четврток) во Културно – информативниот центар на Македонија во Софија, ќе биде отворена изложбата под наслов „Дискурсот на орнаментот“ на авторите Атанас Атанасоски (скулптор) и Марина Лешкова ( сликарка).

diskursot_na_ornamentot_kic_sofija

„Дискурсот на орнаментот“ на уметниците Атанас Атанасоски – Орнаменти 2014 и Марина Лешкова- Омаж на Мондриан и Маљевич 2014, намерата на овој проект е резултат на идејата на авторските амбиентални дела со цел да остварат заеднички материјално-оптички ефект врз посетителите.
Куратор на изложбата е Марика Бочварова Плавевска.
Изложбата ќе ја отворат директорот на КИЦ Васко Шутаров и директорката на НУ МСУ Елиза Шулевска.
На големо задоволство на НУ МСУ и КИЦ со овој проект одбележуваме 10то претставување на македонските автори во нашиот центар во Софија што зборува за извонредната соработка помеѓу двете институции од 2008 година до денес.Овој проект е поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија. Изложбата ќе биде отворена до 30 мај.

Организатор е  Музејот на современата уметност од Скопје, кој во рамките на програмските активности, покрај одбележувањето на 50 години од основањето на институцијата и отворањето на Постојаната поставка продолжува со презентирање на македонската современа ликовна сцена во странство во рамките на меѓународната соработка.

You May Also Like