Она што денес е актуелно и популарно, преку медиумите агресивно се нуди на консументите, почнувајќи од музиката, преку стилот на облекување па се до однесувањето. Од тоа, младите го одбираат она што најмногу им одговара, односно она што се поклопува со нивните размислувања и со нивните погледи на светот.
Единствениот проблем што се гледа во сето ова е тоа што според музиката (турбо фолкот) што ја слуша поголем процент од младите, во нивните живот би преовладувале проблемите кои ислкучително се поврзани со невозвратената љубов, љубоморните дечко или девојка и нечија возвишена убавина и други проблемчиња кои се својствени само за адолесцентите, а не и за младите од дваесетина па и повеќе години. Затоа може да се каже дека овој тип на музика не содржи некоја посебна идеологија и од тие причини не би имало што понатаму за нив да се анализира.
Но мнoгу нови музизички жанрови кои се присутни денеска, во себе носат некаква идеологија а сепак не се многу популарни. Но еден музички жанр е слушан од страна на некоја група и меѓу нив таа е популарна. Во овој есеј збор ќе стане за Ои музиката што главно во светот се слуша од одредени супкултури како панкерите, скинерите и фудбалските навивачи.
Ои музиката всушност представува поджанр на панкот, кој пак настанал во Велика Британија кон крајот на 1970-те. Најпрвин, овој жанр бил прифатен од страна на работничката младина, но бидејќи во тој период панк музиката започнала да се комерцијализира, Ои музиката се појавува како реакција, со цел панкот да се врати на улиците. Оваа музика, всушност, ги обединува панкерите и скинерите кои и претходно постоеле како супкултури.
Карактеристика за Ои движењето и Ои музиката на самите почетоци било аполитичкото размислување. Оваа музика уште се нарекувала и стритпанк, пред дефинитивно да го добие името „Ои“ по песната Оi,Оi,Оi од Cockney Rejects а самиот назив во англискиот секојдневен жаргон представува повик за обрнување на внимание, односно нешто како нашето „Еј“. Ои бендовите на почетокот биле левичарски и популистички, идеолошки ориентирани или аполитички. Текстовите на песните зборувале за невработеноста, за работничките права, за полициската бруталност и за државната репресија. Овие песни, главно, биле упатени против политиката на десничарската влада на Маргарет Тачер, но, се пеело и за не толку страстни политички теми како што се уличното насилство, фудбалот, сексот и алкохолот.
Поизвесно време или поточно во вториот бран од развојот на музиката се појавиле бендови кои се декларирале како патриоти, десничари и националисти. Такви се бендовите The Last Resort, Combat 84, Seetion 5 но, и покрај тоа, тие одбегнуваат нивно поврзување со расизмот и неонацизизмот. Заради поврзаноста на скинхед културата со екстремните десничарски политички организации во медиумите Ои- движењето се карактеризирало како фашистичко и расистичко. Ои музиката како што е наведено и погоре има следбеници помеѓу панкерите, скинерите и фудбалските навивачи. Во оваа музика главна карактеристика се певливите хорски рефрени типични за навивачките песни.
Во Скопје и Македонија овој жанр стигнал во деведесеттите години од минатиот век и веднаш бил прифатен од не големиот број панкери и скинери. Започнале да се слушаат англиските бендови The 4-Skins, The Bisiness, Combat 84, Cock Sparrer, Cockny Rejects, The Last Resort, Sham 69 и многу други бендови. Голема популарност исто така имале и српските ои бендови како што се Два минута мржње, Ритам нереда, Директори, Генерација без будучности.
По извесно време и низ Македонија започнале да се формираат ои- бендови на почетокот од 2000 година кои во себе носеле различна идеологија. Всушност, сите овие бендови главно, имале песни во кои се пее за својот омилен фудбалски клуб, за несогласувањата со полицијата, за политичката ситуација во државата и за други општествени проблеми, но по едно нешто се разликувале овие бендови. Некои од нив водени според националистичка идеологија започнале пишување песни во кој може јасно и гласно да се чујат нивните ставови. Со песните се трудат да ја разбудат националната свест кај одредени групи со тоа што во песните се потценуваат правата и вредностите на другите нации. Како пример ќе го земам скопскиот бенд Дружината В.Е.П (Вардар,Егеј, Пирин). Всушност нивната идеологија може да се прочита и по самото име, како и кај останатите ои бендови. Овој бенд се формира во 2003 година и успешно функционира до денес. Бидејќи сум присуствувала многу пати на нивни свирки изненадувачко е тоа дека на овие свирки можат да се видат панкери, скинери, металци, хардкорци како се забавуваат на нивната музика но тоа е така можеби поради тоа што сите тие се навивачи на скопскиот фудбалски клуб Вардар. Овој бенд има голема популарност кај навивачите поради тоа што повеќето навивачки песни се испеани токму од нив. Такви се песните Комити и Вардар ( Комити, Вардар)во кои со голема страст се опејува љубовта спрема клубот и спрема навивачката група. Како дел од идеологијата на ои – музиката тука се и песните во кои се критикува полициската бруталност и за сите несогласувања и проблеми со полицијата.
Во песната „Анархија“ бендот не ги штеди и не ги бира зборовите за да ја отслика македонската полиција и сите проблем што ги имаат со нив како навивачи но и како дел од групите панкери и скинери кои се „трн во око“ на полицијата. Возвишувањето на нивниот роден град Скопје е присутно во истоимената песна. Скоро во секоја нивна песна се спомнува бранење на Македонија, на Скопје, што го наметнува прашањето од кого. Познати се неодамнешните скандали со навивачи од албанска и од македонска етничка заедница, кои всушност ги имало отсекогаш, но не во толкав број и така организирани. Младите навивачи кои ја слушаат оваа музика или овој бенд сигурно сè уште повеќе мотивирани за да го бранат градот и државата. Една песна со наслов „Смрт или Слобода“ зборува многу за идеологијата на овој бенд и цела публика што го слуша. Со стихот Смрт за власта лоповска, нож за крвта шиптарска се воочува нивните погледи и ставови за другите националности особено кон албанската националност, а со стихот Македонецот да победи само уште еднаш се потврдува возвишувањето на својата сопствена националност. По еден неформален разговор со членови на бендот можев да заклучам дека, всушност, тие воопшто не се гледаат како бенд кој ја шири и поддржува националистичкта идеологија, туку велат дека за тоа што пееле во песните било од љубов кон Македонија, кон Скопје, кон фудбалскиот клуб Вардар и кон навивачката група Комити.
Како втор пример ќе го земам бендот Крпен Живот кој е оформен во 2005 година во Пробиштип. Бендот Крпен живот има голема популарност меѓу публиката, а можеби тоа се должи на нивната идеологија која е поразлична и поприфатлива за останатите. Овој бенд, всушност, е дел од оние бендови кои сите проблеми во општеството ги преточува во песна. Како бенд од Пробиштип тие имаат доста реални песни за животот во малото рударско гратче каде што работникот-рудар како да нема никакви права. Исто така, овој бенд има и песни кои го представуваат начинот на живот на една група конкретно за скинери. Еден дел од песните на бендот се навивачки песни за фудбалскиот клуб „Рудар“ од Пробиштип што е карактеристично за Ои музиката. Уште една карактеристика на Ои музиката е тоа што се пеат песни за алкохолот, за сексот и за сите останати работи кои се дел од животот на групите кои ја следат оваа музика. Ои музиката главно се користи за ширење на некоја идеологија, но, најгласни се оние кои преку оваа музика ја шират националистичката идеологија.
Кај нас најгласни се Дружината В.Е.П бидејќи тие се и најпознатиот македонски ои бенд, па затоа можеби некој ќе помисли дека ои музиката всушност е националистичка музика. Голем е бројот на тинејџери кои мислат дека ако се навивачи треба да бидат и националисти, па и полошо од тоа расисти, неонацисти, но доколку најпрво се сретнале со Ои бенд кој ја негуваа таа идеологија најверојатно тоа ќе им значи и самиот поим за Ои музика. Бидејќи во последно време сè повеќе излегуваат нови музички жанрови кои, всушност, не се жанрови туку поджанрови на некој постар жанр нивната идеологија горе- долу е иста и се провлекува и низ новите жанрови.
Но, денеска младите луѓе преферираат да слушаат музика која не содржи никаква идеологија како на пример турбо фолкот и познатите MTV рефрени. Но не значи дека песните со националистичка содржина од некој Ои бенд имаат во нив нешто паметно, сепак тука се останатите нивни песни но тука кои немаат таква содржина па ја претставуваат реалноста на општеството и за проблемите кои што се себе ги носи модерното време.
Ивана Лазеска