Ѕвончица и тајната на крилјата

За летните самовили, Зимската шума отсекогаш била таинствено и забрането место. Случајно изгубената Ѕвончица во неа, ја буди фантазијата на малата самовила и таа смело се впушта во авантура, која ќе и го промени животот.

Освен еден целосно нов свет, Ѕвончица со чудење открива нешто многу по вредно за неа-својата полусестра,зимската самовила, Снегулка. Двете тие доживуваат неверојатна авантура, толку голема за еден мал свет. На границата меѓу двете вселени, тие откриваат длабоко скриени тајни и се на праг да ја срушат рамнотежата меѓу сезоните.

Ако Ѕвончица и Снегулка, не најдат начин да ја вратат хамонијата во природата, Долината на самовилите ќе замрзне и ќе дојде крајот на свет на сказните во кој живеат. Ѕвончица и тајната на крилјата, е  првиот наслов од неколкуте планирани екранизации на Дизни студио за самовили, кои ќе бидат работени во 3Д.

Режисер е Пеги Холмс, која имаше успешна карира како кореограф, пред да започне да работи на анимирани хитови како „Малата сирена“.

Анимацијата која се препорачува за деца се наоѓа на репертоарот во Cineplexx.

 

You May Also Like