Започнува АСК- Архитектура 2012

Вечер (среда, 14 ноември) во 20:00 часот, во Музејот на град Скопје, свечено ќе биде отворена Манифестацијата „АСК-Архитектура Скопје 2012“.

Во рамки на Манифестацијата којашто се одржува традиционално по повод 13 Ноември-Денот на ослободување на Скопје, ќе бидат изложени архитектонските трудови,  пријавените на Конкурсот за Архитектура Скопје 2012, a ќе бидат  доделени и наградите за архитектура на Град Скопје за 2012 година.

You May Also Like