„Детски ЗОО Кидс Фест 2014“ во Зоолошката градина во Скопје

Скопската Зоолошка градина со нов проект, насловен „Детски ЗОО Кидс Фест 2014“, кој ќе биде забавен и едукативен, фестивал наменет за најмладите …

zoo fest

Зоолошката градина во Скопје го најави проектот „Детски ЗОО Кидс Фест 2014“, кој ќе биде забавен и едукативен, фестивал наменет за најмладите. Секоја сабота до октомври најмладите ќе имаат можност покрај стандардните забавни содржини да се забавуваат со овој уникатен детски фестивал.

– Зоолошката градина одлучи да биде домаќин на првиот Детски ЗОО Фест, кој веруваме дека ќе ги освои децата со својата забавна програма, но и со можноста да учат за животните. За нас е многу значајно, покрај децата, воопшто граѓаните да чујат конкретни и точни информации за животните кои се „станари“ на Зоолошката. Ние имаме навистина уникатни видови за кои веруваме дека посетителите можат да знаат повеќе информации и да се запознаени со нивните уникатни карактеристики, изјави Дане Кузмановски, портпарол на Зоолошката градина.

zoo fest press 3

Фестивалот е замислен како едукативно-забавен настан кој ќе се одржува секоја сабота од 11 до 13 часот. На фестивалот ќе настапуваат децата учесници на популарниот детски фестивал „Поточиња“ кои ќе ги пејат своите најголеми хитови. Како дополнителна забава, присутните ќе имаат можност да научат дел од модерните танци заедно со Танцовиот клуб „Сонриса“ чии инструктори од сцената ќе ги покажуваат карактеристичните движења за сите популарни танци.

Едукативна нота на целиот настан ќе дадат аниматорите од „Се за роденден“, кои за децата имаат подготвено различни едукативни содржини, игри, натпревари, како и посебен шатор во кој ќе се откриваат посебни таленти. Инспирирани од животните, игрите ќе ги забавуваат децата, но и ќе ги учат за животните кои се „станари“„ на Зоолошката градина во Скопје.

zoo fest press 2

zoo fest press 1

 

You May Also Like