Правото на избор – мотивација за читање

Изминатиот месец, беа изнесени изводите на Канадската национална кампања за читање (National Reading Campaign – NRC), кои ги потврдуваат многубројните предности на читањето – културни, лични и општествени.

Научната анализа со наслов, “Towards Sustaining and Encouraging Reading in Canadian Society” , со основа на преглед на стотици причини во врска со читањето… Основната цел е да се разгледа одблиску задоволството од читањето, стратегиите за мотивација и тенденциите во литературата.

Автор на анализата- професор Шерон Марфи од York University, споделува:

Истражувањето покажа дека, правото на избор, контролата и читањето како социјална дејност, се клуч кон создавањето на нација, која ужива да чита, а не која треба да чита. Тоа е потврда и за многубројните долгорочни ползи за едно друштво, кои се поврзуваат со една нација од запалени читатели, меѓу кои подобрена социјална ангажираност, сочувство и подобро академско образование.

Анализата потврдува дека сваќањето за важноста на читањето и споделувањето на мислење за квлаитетот на книгите…во целото општество е најдобар начин да се мотивираат останатите да почнат да читаат.

Марфи споделува дека децата се особено важна група, зошто моделот за читање со гради од најмала возраст. Важни се и прашањата за начинот на кој се пристапува кон читањето во образовниот систем. Анализите покажале дека, задоволството до читањето се намалува со напреднување на децата кон повисоки класови. Една од најважите причини за тоа е ограниченоста и задолжителноста, само на одредени книги, кои за младите не се интересни.

Како можно решение е да се даде слобода на учениците за избор. Ако има поголема слобода, учиениците ќе бидат повеќе мотивирани, зошто ќе го читаат она, што им се допаѓа и е интересно за нив. Ако се принудени да читаат само одредени нешта, мотивацијата може да биде многу слаба.

Л.Ѓ.

You May Also Like