„Д Винчич систерс“ со своја изложба во Порта Македонија

Во четвртокот во Порта Македонија се отвори изложбата на Д Винчич систерс, која се состои од два дела – „Лицата на Александар“ и „Седумте капии на градот“…

licata na aleksandar faces of alexandar d vincic sisters 2Уметничките Гордана и Наталија Винчиќ живеат и творат во Шведска, и се со македонско потекло, настапуваат под заедничкиот псевдоним „Д Винчич систерс“. Тие неколку години работат на голем уметнички проект за Александар Македонски, проект кој во четвртокот на 3 септември 2014 година во Порта Македонија, ја доби својата промоција пред македонската јавност.

licata na aleksandar faces of alexandar d vincic sisters 1

– “Во нашиот културен проект се асоцираме со духот на Александар. Неговиот дух не е заинтересиран за препреки и граници. Тој посакува да види што се случило со некои делови од неговата поранешна земја, кои нови традиции се развиле и кој е идентитетот на луѓето што денеска живеат на тие простори. Неговиот дух патува и вниманието му го привлекуваат луѓето или ситуации, овие доживувања тој ги изразува преку нашите уметнички дела. Во нив постојат многу симболи и скриени пораки кои ќе го инспирираат набљудувачот да гледа подлабоко во светот на симболизмот и да го најдат своето вистинско богатство. Секоја слика е пропратена со кратка историја која е конектирана со луѓето или ситуации од Македонија, каде што неговиот дух го доживува сето тоа. Веруваме дека овие уметнички дела ќе создадат нова платформа за понатамошен дијалог”, велат сестрите Гордана и Наталија околу проектот.

Инспирацијата сестрите ја добиваат со средби и преку ситуации што ги доживуваат ширум поднебјето на Македонија.

– “Посветивме четири години од нашиот живот да ги пронајдеме клучевите од седумте капии кои водат кон успешен живот. Ние ги најдовме клучевите истражувајќи го внатрешниот и надворешниот свет на симболите каде што човечката инспирација на истите беше главен водич. Седумте капии се всушност најважните домени во животот на секоја индивидуа. Тие седум симболични капии претставуваат влезови преку кои индивидуата ги преминува препреките и блокадите за здрав живот, самодоверба, самопочит, креативност самоостварување”, изјавија на отворањето на изложбата “Д Винчич систерс”.

Изложбата во Порта Македонија ќе биде отворена до 12 септември, искористете ја можноста да ги погледнете нивните дела.

licata na aleksandar faces of alexandar d vincic sisters 7

licata na aleksandar faces of alexandar d vincic sisters 6

licata na aleksandar faces of alexandar d vincic sisters 5

licata na aleksandar faces of alexandar d vincic sisters 4

licata na aleksandar faces of alexandar d vincic sisters 3

 

You May Also Like